Струмичанка под маска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Струмичанка под маска
Координати41°26′20.1″N 22°38′16.2″E / 41.438917° СГШ; 22.637833° ИГД / 41.438917; 22.637833Координати: 41°26′20.1″N 22°38′16.2″E / 41.438917° СГШ; 22.637833° ИГД / 41.438917; 22.637833
МестоПлоштад „Гоце Делчев“
ПроектантНаташа Божарова - Пијанманова
Материјалбронза
Отворен10 декември 2010
Посветен наСтрумички карневал

Струмичанка под маскаспоменик на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, кој ја претставува карневалската традиција како важен елемент на културниот идентитет на градот и неговите жители.

Споменикот е поставен на платото од плоштадот, како дел од реконструкцијата на градскиот плоштад, која официјално завршила на 10 декември 2010 година. Автор на споменикот е македонската вајарка Наташа Божарова – Пијанманова.[1], а самиот споменик го симболизира значењето на Струмичкиот карневал за градот.[2] Изработен од бронза, споменикот му е посветен на познатиот струмички карневал кој традиционално секоја година се оджува по повод тримерските празнувања и почетокот на големите велигденски пости.

Бронзената фигура, изработена во природна големина, во едната рака држи карневалска маска, а во другата знаме со релјеф на грбот на Струмица. На четирите страни од мермерното постолје се испишани податоци за надморската височина, географската широина и други корисни информации поврзани со Струмица и регионот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.kurir.mk“. Архивирано од изворникот на 2010-12-10. Посетено на 2010-12-12.
  2. Канал 5: Жена под маска во провокативна облека на сред Струмица