Суматра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суматра
Sumatеra
Топографија на Суматра
Географија
МестоЈугоисточна Азија
Координати0°00′N 102°00′E / 0.000° СГШ; 102.000° ИГД / 0.000; 102.000
АрхипелагГолеми Сундски Острови
Подреденост по површина6
Највисока точкаКеринчи
Управување
Индонезија
ПокраиниАчех, Бенкулу, Џамби, Лампунг, Риау, Западна Суматра, Јужна Суматра, Северна Суматра
Најголема населбаМедан (pop. 2.392.922 (2003))
Демографија
Население45 млн (2005)
Етнички групиАчеси, Батаци, Минангкабау, Малајци

Суматра (индонезиски: Sumatera) е индонезиски остров, еден од Големите Сундски Острови. Со површина од 470.000 км2 Суматра е шести остров по големина во светот. Има 40 милиони жители кои зборуваат на 52 различни јазици. Најмногу имаат малајско потекло. Околу 80% од населението се муслимани, а 18% христијани.

Островот се простира 1.700 километри во правец северозапад-југоисток и широк е до 370 километри. Екваторот поминува низ средината на островот. Планината Керинчи е највисокиот врв на Суматра (3.805 метри). Суматра е позната по интензивната вулканска активност, поради што земјата е многу плодна, а пејзажите се спектакуларни. Источната половина на островот е рамничарска. Околу 40 километри од јужниот брег на Суматра, од другата страна на Сундскиот Проток, се наоѓа островот Јава. Борнео е оддалечен 600 километри, додека Малајскиот Полуостров на североисток е одвоен со Малачкиот Проток. На околу 200-1000 километри северозападно од Суматра лежат групата на острови Андамани и Никобари.

Цунами со височина од 15 метри, произлезено од земјотрес со јачина од 9 степени според рихтеровата скали, го погодил островот на 26 декември 2004. Западниот брег, особено покраината Ачех била катастрофално погодена и разрушена. Имало повеќе од 200.000 мртви.

На Суматра се наоѓаат значајни извори на нафта. Се експлоатира јаглен, злато, боксит и цинк. Од земјоделските производи значајни се каучукот, биберот, кафето, палминото масло и тутунот.

Природа[уреди | уреди извор]

На Суматра живеат 201 вид на цицачи и 580 видови на птици. На островот има 9 ендемски видови на цицачи и уште 14 на околните острови. Од тие видови највеќе се истакнуваат: суматрански тигар, суматрански орангутан, суматрански носорог, суматрански слон, малајски тапир, овошен лилјак и други. Има и 17 ендемски растителни видови (најголемиот цвет на светот: Rafflesia arnoldii).

На островот постојат 10 национални паркови од кои три припаѓаат на списокот на Светското културно наследство.

Покраини[уреди | уреди извор]

Суматра е поделена на 10 покраини, од кои само Ачех има статус на посебен регион.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

(англиски)

Суматра

0°00′N 102°00′E / 0.000° СГШ; 102.000° ИГД / 0.000; 102.000