Торквато Тасо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Торквато Тасо
Торквато Тасо
Роден/а11 март 1544(1544-03-11)
Соренто, Кралство Наполи
Починат/а25 април 1595(1595-04-25) (возр. 51)
Рим, Папска Држава
Занимањепоет
Жанрепска поезија, лирска поезија
Книжевно движењеренесанса

Торквато Тасо (11 март 1544 - 25 април 1595) — италијански поет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тасо имал несреќна судбина: тој бил вљубен во Елеонора д'Есте, сестрата на војводата од Ферара, Алфонсо II, а подоцна полудел и бил затворен во болницата „Санта Ана“ во Ферара. Во расправата „Силата на човечката фантазија“, Муратори тврди дека за време на нападите на лудилото Тасо си вообразувал дека го посетува неговиот домашен дух, така што разговарал со него.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Тасо е најпознат по својот епОслободениот Ерусалим“ и пасторалата „Аминта“ (1580).[1]

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Италијанскиот поет Џакомо Леопарди напишал краток есеј со наслов „Дијалог меѓу Торквато Тасо и неговиот домашен дух“ (Dialogo di Torquato Tasso e del suo Genio familliare).[2] Според Леопарди, поради постојаните несреќи што го следеле во текот на животот, иако бил изворен и инвентивен, Тасо заостанал зад трите големи италијански поети.[3] Споредувајќи го со Данте, Леопарди опишува како плачел на гробот на Тасо, а не почувствувал никаква нежност над гробот на Данте. Притоа, тој вели дека во Тасо гледам ечовек кого го совладала бедата, кој е соборен, кој им подлегнал на раните, кој се предал и постојано прекумерно трпи и страда. Иако неговите страдања биле имагинарни, неговата несреќа е вистинска и, иако немал лоша судбина како Данте, тој бил далеку понесреќен.[4]

Тасо бил пример за романтичарите, а неговата поезија ги инспирирала Гете и Бајрон

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Beleške“, во: Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, str. 123.
  2. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 61-68.
  3. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 110.
  4. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 115.