Хрватска куна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрватска куна
hrvatska kuna (хрватски)
ISO 4217
КодHRK
Составници
Подединица
 1/100липа
Симболkn
 липаlp
Банкноти
 Чести10, 20, 50, 100, 200 kn
 Ретки5, 500, 1000 kn
Монети
 Чести5, 10, 20, 50 липи, 1, 2, 5 kn
 Ретки1, 2 липи, 25 kn
Демографија
Корисник/ци Хрватска
Издавач
Централна банкаХрватска народна банка
 Мреж. местоwww.hnb.hr
ПечатарGiesecke & Devrient
 Мреж. местоwww.gi-de.com
КовачницаCroatian Monetary Institute
 Мреж. местоwww.hnz.hr
Вредност
Инфлација1.8%[1]
 ИзворДржавен завод за статистика на Хрватска, November 2010[1]
 НачинCPI со исклучок на ренти, бруто основни средства, лотарија и коцкање, и животно осигурување[1]

Куна (ISO 4217: HRK, симб. kn; бројчен код: 191) — државна валута на Хрватска од 30 мај 1994 до 31 декември 2022 г. Името потекнува од истоименото животно, бидејќи куната имала значајна употреба во средновековието на територијата на Хрватска.

Хрватските банкноти се воведени за првпат во 1941 во следните вредности: 10, 50, 100, 500 и 1000 куни. Банкнотите биле печатени во Германија. Исто така, банкнотите биле користени и од партизанските движења.

Второто поколение на куни биле воведени во 1994 година, после транзиционен период кога југословенскиот динар бил заменет со хрватскиот динар. Тогаш една куна била еднаква на 1000 динари. Куната е поделена на 100 липи, именувани според истоименото растение. Изборот на името било доста контраверзно за голем број на граѓани.

Хрватска ја заменила куната со еврото на 31 декември 2022 г. како дел од нејзината интеграција во еврозоната.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Државен завод за статистика на Хрватска (18 јануари 2011). "Consumer price indices, December 2010". Соопштение за печат.