14 декември
<< | декември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2023 |
14 декември — 348-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (349-и во престапна година). Остануваат 17 денови до крајот на годината.
Настани:
1782 | За првпат полетал балонот на браќата Монголфје. |
1911 | Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот Пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот. |
1955 | Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации. |
1964 | Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје. |
1994 | Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ. |
1995 | Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија. |
Родени:
Починале:
872 | Адријан II — римски папа. |
1788 | Карлос III — крал на Шпанија. |
1799 | Џорџ Вашингтон — американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 - 1797). |
1861 | Алберт Саксокобургготски — сопруг на британската кралица Викторија. |
1940 | Марија Георгиевна — принцеза на Грција. |
1957 | Јозеф Лада — чешки сликар и писател. |
1974 | Волтер Липман — американски новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. |
1983 | Иван Антонов — доајен на македонското радио и телевизиско спикерство. |
1989 | Андреј Сахаров — советски физичар, дисидент и нобеловец. |
1997 | Џовани Ањели — „некрунисан крал“ на концернот FIAT и негов целокупен наследник. |