19 август

Од Википедија — слободната енциклопедија

19 август — 231-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (232-и во престапна година). Остануваат 134 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2024

Блез Паскал

Настани:

1692  Во Салем, Масачусетс, пет жени и еден свештеник се погубени поради практикување на вештерство.
1960  СССР го лансира во вселената Спутник 5; на него се наоѓаат кучињата Белка и Стрелка, 40 глувци, 2 стаорци и многу различни видови на растенија.
1990  Леонард Бернштајн го диригира својот последен концерт; го заклучува со изведбата на Седмата симфонија на Лудвиг ван Бетовен.
1999  Во Белград, десетици илјади Срби се собираат на протести, барајќи оставка од претседателот Слободан Милошевиќ.

Родени:

1631  Џон Драјденанглиски поет.
1871  Орвил Рајтамерикански пионер во областа на воздухопловството.
1921  Џин Роденбери — американски сценарист.
1937  Киро Дојчиновски — македонски историчар.
1939  Џинџер Бејкер — англиски рок-музичар, член на групите Крим (Cream) и Блајнд фејт (Blind Faith).
1945  Ијан Гилан — англиски пејач — член на рок-групата „Дип Парпл“ (Deep Purple).
1946  Бил Клинтонамерикански претседател.
1948  Тошио Сузуки — јапонски филмски продуцент.
1952  Ненад Стојановски — македонски глумец.
1953  Нани Морети — италијански филмски режисер.
1954  Гоце Арнаудов — македонски пејач на фолклорна музика.
1957  Чезаре Прандели — италијански фудбалер и тренер.
1964  Пепи Манасков — македонски ракометар.
1964  Валери Тихоненко — руски и советски кошаркар.
1969  Метју Пери — канадско-американски глумец.
1971  Жоао Пинто — португалски фудбалер.
1974  Наталија Гули — руска кану-спринтерка.
1981  Игор Тасевски — македонски фудбалер.
1984  Алесандро Матри — италијански фудбалер.
1986  Боки 13 — македонски забавувач.

Починале:

14  Октавијан Августримски цар.
1158  Џефри II — гроф на Бретања.
1284  Алфонсо — Ерл од Честер.
1580  Андреја Паладиоиталијански архитект, основоположник на паладијанскиот стил.
1662  Блез Паскалфранцуски математичар, физичар и филозоф.
1753  Балтазар Нојман — истакнат германски барокен архитект.
1929  Сергеј Дјагилевруски балетски импресарио.
1936  Федерико Гарсија Лоркашпански поет и драматург, убиен од франковистите на почетокот на Шпанската граѓанска војна.
1977  Граучо Марксамерикански комичар и глумец.
1994  Лајнус Полингамерикански хемичар.
1994  Роберт Рождественски — руски поет, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.