Месечина — единствен природен сателит на планетата Земја и најблиско небесно тело до неа. Со околу една четвртина од пречникот на Земјата (споредливо со ширината на Австралија), таа е најголемиот природен сателит во Сончевиот Систем во однос на големината на неговата планета, петти по големина сателит во Сончевиот Систем, и е поголема од која било позната џуџеста планета. Месечината е објект со планетарна маса кој формирал диференцирано карпесто тело, што ја прави сателитска планета според геофизичките дефиниции на терминот. На Месечината ѝ недостасува значајна атмосфера, хидросфера или магнетно поле. Нејзината површинска гравитација е околу една шестина од Земјината (0,1654 g); Јупитеровата месечина Ија е единствениот сателит во Сончевиот Систем за која се знае дека има повисока гравитација и густина.
Кружи околу Земјата на просечно растојание од 384.400 км или околу 30 пати поголемо од пречникот на Земјата, нејзиното гравитациско влијание малку го продолжува денот на Земјата и е главниот двигател на плимата и осеката на Земјата. Орбитата на Месечината околу Земјата има орбитален период од 27,3 денови. За време на секој период од 29,5 денови, количината на видлива површина осветлена од Сонцето варира од 0 до 100%, што резултира со месечеви мени кои ја формираат основата за месеците од месечевиот календар. Месечината е плимно заклучена за Земјата, што значи дека должината на целосната ротација на Месечината околу сопствената оска предизвикува нејзината иста страна (блиската страна) секогаш да биде свртена кон Земјата, а нешто подолгиот месечев ден е ист како орбиталниот период. Според тоа, 59% од вкупната површина на Месечината може да се види од Земјата преку поместувања на поради либрација. (Дознајте повеќе...)
Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот.
Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе сфати дека наишол на многу голем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе.
По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата „Мојата борба“, во која ја разработува националистичката фашистичко - расистичка идеологија на агресивниот германски национализам.
Белгискиот министер за одбрана Лео Делкроа поднесе оставка поради обвинувањето околу финансирањето на една куќа што ја купил во јужниот дел на Франција.
Двете најголеми швајцарски банки соопштиле дека се интегрираат, со што се основала во тоа време најголемата банка на светот со вкупна актива од еден билиони (1012) долари.