Прејди на содржината

@

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симболот

@ („мајмунче“)[1] — типографски знак. Се наоѓа во основните знаци на АСКИ кодот. Неговиот број е 64 во децималниот систем, односно 40 во хексадецималниот. Неговата употреба се поврзува пред сè со користењето во адресите на електронската пошта за одвојување на корисничкото име и доменот.

Име на знакот во македонскиот јазик

[уреди | уреди извор]

Овој знак во македонскиот јазик се чита на, често се користи и англицизмот ет (спрема англиското at), а најчесто се нарекува мајмунче.

Користење пред и вон сметачкиот свет

[уреди | уреди извор]
Употребата на симболот од страна на Константин Манасиј

Најраниот досега откриен симбол во овој облик се наоѓа во летописот напишан од Константин Манасиј во 1345 година преведен во црковнословенски јазик. Денес се чува во Апостолската библиотека во Ватикан и го содржи симболот @ во замена на буквата А како иницијал во зборот „Амин“; сепак, причината за неговата употреба во овој контекст е сè уште непозната. Еволуцијата на симболот како што се користи денес не е евидентирана. Оваа ознака долго била користена во шпанскиот и португалскиот јазик како скратеница од името ароба – единица за тежина еквивалентна на 25 килограми. Името потекнува од изговорот на зборот „четвртина“ на арапски јазик. Првиот историски документ кој го содржи знакот @ е шпански регистар на пратки пченица од Кастиља во Арагон од 1448 година.

Комерцијалната употреба на симболот @ била со значење „секоја по“, односно „по стапка од“ во означување на цените. На пример, трошоците „12 јаболка @ 2 долари“ ќе бидат 24 долари.

Современа употреба

[уреди | уреди извор]

Во адресата на електронската пошта (која се пренесува преку SMTP), знакот @ се вметнува меѓу корисничкото име и доменот, како на пример:

[email protected]

корисничкото име е „sorabotnik“ и се наоѓа на доменот „mk.wikipedia.org“.

Сè уште не е можно да се користи електронска пошта со кирилски знаци. Често симболот @ се заменува со слика или со зборот НА во е-поштенските адреси, за да се избегне несакана пошта, како на пример на контактните страници на Википедија.

Разговори и форуми

[уреди | уреди извор]

Симболот @ на форумите често се користи како ознака на обраќање кон одредена личност. На пример, ако во дискусијата учествуваат повеќе личности и напишеме @Филип, пораката која следи му е наменета на корисникот Филип:

Фросина: Добар ден!
Филип: Немаме статија за знакот @
Благоја: Здраво Фросина, ти ја пратив сликата на е-пошта.
Фросина: Ја примив твојата е-пошта. @Филип: немаш скоро погледано, еден соработник само што напиша статија за знакот @

Програмирање

[уреди | уреди извор]

Симболот @ се користи во многу програмски јазици, но неговата употреба не е стандардизирана и има различно значење кај различни јазици.

  • C# - овозможува клучните зборови да се користат како идентификатори и за обележување на посебни видови стрингови
  • Java - од верзијата 5.0 се користи за означување на видот на метаподатоци
  • Pascal - @ е оператор кој значи „адреса на променливата“, т.е. говори за мемориската локација на која е сместена променливата
  • Perl - @ им претходи на променливите кои содржат низи
  • PHP - се користи пред изрази за да се потисни евентуална грешка која би се генерирала со тој израз
  • FoxPro - се користи да означи експлицитно проследување на променливи при повикување на процедура или функција (но тоа не е оператор на адресата).
  • Windows PowerShell - @ се користи како оператор за низи податоци.

Тастатура

[уреди | уреди извор]

На тастатура со стандарден англиски (американски) распоред на знаците, @ се наоѓа над цифрата 2, и се добива со притискање на копчето SHIFT и цифрата 2. На тастатурата со македонски распоред знакот @ се добива со притисок на десното ALT копче и копчето V.

Имиња на знакот на други јазици

[уреди | уреди извор]

Симболот @ на разни јазици има различни вообичаени називи. Доста јазици го имаат прифатено англискиот изговор, а останатите имиња главно се варијанти на буквата А или имиња на животни (мајмун, слон,...).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Цветковски, Живко (2017). Правопис на македонскиот јазик (PDF). Скопје: Институт за македонски јазик, Култура. стр. 145. ISBN 978-608-220-042-2, 978-9989-32-900-5 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Посетено на 4 февруари 2025. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]